Open Call- Graphic Design
Open Call- Graphic Design
Барање за понудa
Проект: Здрав начин на живот, здрава младина - Healthy Lifestyle, healthy youth”
Здружението за унапредување на демократијата – Демокраси Лаб, Тетово ќе имплементира проект со наслов “Здрав начин на живот, здрава младина - Healthy Lifestyle, healthy youth” . Овој проект е финансиран од ЕУ како дел од Регионална програма за локална демократија на Западен Балкан 2 - Reload 2, а спроведен од УНДП и кофинансиран од Општина Гостивар. Истиот ќе се реализира во периодот од 01 Јули 2023 до 30 Април 2024 година и за потребите на проектните активности има потреба од ангажирање на графички дизајнер.
Барање за понуда: Графички дизајнер
Проектот “Здрав начин на живот, здрава младина” – “Healthy Lifestyle, healthy youth” има главна цел да промовира здрав и активен начин на живот, и да го поттикне соживотот и различностите, преку спортот и промовирање на здрави животни навики помеѓу средношколците во Гостивар. За таа цел ќе бидат организирани спортски настани и натпревари за млади и млади со попреченост, сеанси за психолошка поддршка за млади, ќе бидат организирани настани за здрава храна преку формирани клубови за здрава храна каде младите ќе учествуваат во подготовка на здрави оброци. Во рамки на работилниците за здрава храна ќе се креира и испечати брошура со рецепти на здрави оброци. За погоре наведените проектни активности Демокраси Лаб има потреба од ангажирање на графички дизајнер
Заинтересираните компании / Добавувачи (физчики лица поединци) ќе треба да ја обезбедат следната содржина на понудата:
Понуда за креирање на дизајн на брошура со рецепти. Брошурата треба да биде испечатена на формат А3 мат хартија и истата ќе има најмногу 25 страници. Брошурата ќе биде испечатена на два јазика.
ВО ПОНУДАТА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ВКЛУЧИ ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ (ДДВ-18 %), ПРОЕКТОТ Е ОСЛОБОДЕН ОД ДАНОК!
Начини на плаќање:
Физички лица Плаќањето ќе се изврши преку трансакциска сметка, и за истото со ангажираното лице ќе биде потпишан договор за дело.
Правни лица компании - Плаќањето е одложено во рок до 30 дена по доставена фактура без ДДВ за извршена услуга. Составен дел на фактурата е и испратница.
Понуди кои содржат поинаков начин на плаќање, ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
Доставување на понудата:
Ако сте заинтересирани за доставување на понуда, ве молиме истата да ја доставите на емаил: [email protected] mk или понудата во печатена форма да ја доставите во просториите на Центар за млади и заедницата Гостивар најдоцна до 19.03.2024 до 14:00 часот.
Our Supporters
Opening Hours
Monday-Friday
10:00-21:00
Saturday
Closed
© 2024
Democracy Lab . All Rights Reserved.