Open Call - Nutritionist

.

News

October 10th, 2023

Барање за понуда 

Проектот“Здрав начин на живот, здрава младина - Healthy Lifestyle, healthy youth”  на  Здружението за унапредување на демократијата – Демокраси Лаб, Тетово се спроведува во рамки на  Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 ReLOaD2,  која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за  развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот Здрав начин на живот, здрава младина - Healthy Lifestyle, healthy youth”  е  кофинансиран од Општина Гостивар. Истиот ќе се реализира во периодот од 01 Јули 2023 до 30 Април 2024 година и за потребите на проектните активности има потреба  од ангажирање на нутриционист. 

Барање за понуда: Нутриционист 

 

Проектот “Здрав начин на живот, здрава младина” –“Healthy Lifestyle, healthy youth” има главна цел да промовира здрав и активен начин на живот, и да го поттикне соживотот и различностите, преку спортот и промовирање на здрави животни навики помеѓу средношколците во Гостивар. За таа цел ќе бидат организирани спортски настани и натпревари за млади и млади со попреченост, сеанси за психолошка поддршка за млади, ќе бидат организирани работилници за здрава храна преку формирани клубови за здрава храна каде младите ќе учествуваат во подготовка на здрави оброци. За  работилниците за подготовка на здрава храна Демокраси Лаб има потреба од ангажирање на нутриционист. 

Заинтересираните лица треба да поседуваат соодветна диплома за обука или работно искуство од најмалку 2 години во овој сектор. Подготвеното мени кои ќе содржи брзи оброци на здрава храна покрај на присутните кои ќе бидат на работилниците, ќе биде достапно за сите и ќе може да се преземе онлајн.  

 

Заинтересираните лица ќе треба да ја обезбедат следната содржина на понудата: 

 

1.Подготовка на мени за здрава храна односно рецепти за здрави оброци кои ќе бидат споделени со учесниците на обуките и подготовка на здрави оброци. Менито со рецепти за здрави оброци треба да се состои од најмалку 16 рецепти кои ќе содржат начини на подготовка на предјадења ( супи, салати) главни јадења и десерти и припрема на смути и други здрави напитоци.  

2.Готвење и водење на 4 работилници за здрава храна, кои ќе бидат спроведени во 4 денови во тек на месец Октомври и Ноември. Секоја работилница ќе се оддржува во посебен ден. Распоредот ќе биде дополнително прецизиран согласно нутриционистот и проектниот координатор. 

Лицата кои ги исполнуваат погоренаведените услови треба да достават финансиска понуда за предвидениот ангажман во бруто износ изразен во денари. Истиот ќе биде намален за исплата на законски персонален данок на доход, со што ангажираното лице ќе добие нето износ за извршената работа. 

 Начини на плаќање:  

Физички лица Плаќањето ќе се изврши преку трансакциска сметка, и за истото со ангажираното лице ќе биде потпишан договор за дело. Понуди кои содржат поинаков начин на плаќање, ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 

 

Доставување  на понудата:  

 

Ако сте заинтересирани за доставување на понуда, ве молиме истата даја доставите на емаил: [email protected] mk или понудата во печатена форма да ја доставите во просториите на Центар за млади и заедницата Гостивар најдоцна до 16.09.2023 до 16:00 часот.  

 

За дополнителни информации, може да не контактирате на тел:  

 

Елтон Јашари [email protected]   

Рената Нацковска Смилкоска [email protected]

 

Our Supporters

.
.
.
.

Opening Hours

Monday-Friday

10:00-21:00

Saturday

Closed

© 2024

Democracy Lab . All Rights Reserved.