Second Open Call - Offers for the purchase of cooking equipment

.

Second Open Call - Offers for the purchase of cooking equipment

October 30th, 2023

Барање за понуда

Проектот“Здрав начин на живот, здрава младина - Healthy Lifestyle, healthy youth”  на Здружението за унапредување на демократијата – Демокраси Лаб, Тетово се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2,  која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за  развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот Здрав начин на живот, здрава младина - Healthy Lifestyle, healthy youth”  е  кофинансиран од Општина Гостивар. Истиот ќе се реализира во периодот од 01 Јули 2023 до 30 Април 2024 година и за потребите на проектните активности има потреба набавка на опрема за готвење.

Барање на понуда: Набавка на опрема за готвење за проект “Здрав начин на живот, здрава младина” – “Healthy Lifestyle, healthy youth”

Со проектот “Здрав начин на живот, здрава младина” – “Healthy Lifestyle, healthy youth” наша главна цел е да промовираме здрав и активен начин на живот, и да го поттикнеме соживотот и различностите, преку спортот, здрава исхрана и промовирање на здрави животни навики помеѓу средношколците и основците во Гостивар. За таа цел ќе бидат организирани клубови за здрава храна односно работилници каде ќе биде подготвена здрава храна, и младите ќе имаат можност да го следат истото со цел да научат како сами да си приготват здрави оброци.  

Корисници:

●      Млади на возраст од 15-22 години.

●      Основни и Средни училишта во Општина Гостивар.

Заинтересираните компании ќе треба да ја обезбедат следната содржина на понудата:

Набавка на следниве артикли:

 

Вид на Артикал:

 

Количина

Единечна цена без ДДВ

Вкупна цена без ДДВ

Tенџериња со капак алуминиум мин диј 26

              5

 

 

Тави без капак тефлон мин диј. 28

              5

 

 

Вилушки големи алуминиум

              20

 

 

Лажици за супа алуминум средно длабоки

            20 

 

 

Ножеви за готвење шеф- месарски ножеви дол мин 16 цм.

             10

 

 

Тањири материјал керамика\порцелан гол минимум 20

              20

 

 

Садови  за печење-тепсии материјал тефлон гол 35

3

 

 

Блендер состав пластика мин 2 брзини мин моќност 600 вати.

2

 

 

*ВО ПОНУДАТА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ВКЛУЧИ ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ (ДДВ-18 %), ПРОЕКТОТ Е ОСЛОБОДЕН ОД ДАНОК!

Начин на плаќање: Плаќањето е одложено во рок до 30 дена по доставена фактура без ДДВ за извршена услуга. Составен дел на фактурата е и испратница.

Понуди кои содржат поинаков начин на плаќање, ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

Доставување на понуда:

Ако сте заинтересирани за доставување на понуда, ве молиме истата да ја испратите согласно погоренаведените насоки на емаил: [email protected] или понудата во печатена форма да ја доставите во просториите на Центар за млади и заедница најдоцна до 14.11.2023 до 16:00 часот.

За дополнителни информации, може да не контактирате.

Елтон Јашари 078 251-566

Рената Нацковска Смилкоска 070 251-306

Our Supporters

.
.
.
.

Opening Hours

Monday-Friday

10:00-21:00

Saturday

Closed

© 2024

Democracy Lab . All Rights Reserved.