Open Call- Psychologists
News
Барање за понуда
Проектот“Здрав начин на живот, здрава младина - Healthy Lifestyle, healthy youth” на Здружението за унапредување на демократијата Демокраси Лаб, Тетово се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот Здрав начин на живот, здрава младина - Healthy Lifestyle, healthy youth” е кофинансиран од Општина Гостивар. Истиот ќе се реализира во периодот од 01 Јули 2023 до 30 Април 2024 година и за потребите на проектните активности има потреба од ангажирање на психолог.
Барање за понуда: Психолог
Проектот “Здрав начин на живот, здрава младина” –“Healthy Lifestyle, healthy youth” има главна цел да промовира здрав и активен начин на живот, и да го поттикне соживотот и различностите, преку спортот и промовирање на здрави животни навики помеѓу средношколците во Гостивар. З таа цел ќе бидат организирани групни и индивидуални сесии за психолошка поддршка за млади и лица со попреченост. За погоре наведените проектни активности Демокраси Лаб има потреба од ангажирање на психолог. Психологот ќе организира сесии со цел младите да може отворено и слободно да се искажат за проблемите и предизвиците, стравовите со кои тие секојдневно се соочуваат. Младите најчесто се затвораат во себе и не сакаат да побараат помош и совет кога им треба. Овие сесии ќе им овозможат да ја сузбијат стигмата и стравот во оваа смисла. На крајот на оддржаните сесии психологот ќе поодготви извештај кој ќе опфати податоци за тоа: кои се најчестите проблеми со кои се соочуваат младите, дали посетиле психолог досега и ако не зошто е тоа така, како ги доживуваат промените и на кој начин се справуваат со стресот итн.
Заинтересираните лица ќе треба да ја обезбедат следната содржина на понудата:
1.Организирање на 4 групни психолошки сесии (2 со лица со попреченост и 2 со млади лица од Општина Гостивар). Секоја групна сесија е предвидена да трае околу 60 минути.
2.Организирање на 12 индивидуални психолошки сесии. Секоја индивидуална сесија е предвидена да трае околу 90 мин.
Сите горенаведени сесии ќе бидат одржани во Општина Гостивар, а конкретната локација ќе се прецизира најмалку 3 дена пред одржување на настанот.
Заинтересираните лица треба да поседуваат диплома по психологија илипак да имаат стекнат сертификат за одржување на психолошки сесии сомлади и лица со попреченост. Лицата кои ги исполнуваат погоренаведените услови треба да достават финансиска понуда за предвидениот ангажман во бруто износ изразен во денари. Истиот ќе биде намален за исплата на законски персонален данок на доход, со што ангажираното лице ќе добие нето износ за извршената работа.
Начини на плаќање:
Плаќањето ќе се изврши преку трансакциска сметка, и за истото со ангажираното лице ќе биде потпишан договор за дело. Понуди кои содржат поинаков начин на плаќање, ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
Доставување на понудата:
Ако сте заинтересирани за доставување на понуда, ве молиме истатѐа да ја доставите на емаил: [email protected] mk или понудата во печатена форма да ја доставите во просториите на Центар за млади и заедницата Гостивар најдоцна до 16.10.2023 до 16:00 часот.
Елтон Јашари [email protected]
Рената Нацковска Смилкоска [email protected]
Our Supporters
Opening Hours
Monday-Friday
10:00-21:00
Saturday
Closed
© 2024
Democracy Lab . All Rights Reserved.